Македонија Шулц: Турција нема да добие безвизен режим до јули

Шулц: Турција нема да добие безвизен режим до јули

Нема шанси до јули да се постигне договор за безвизни патувања на турските државјани во Европската Унија, оцени денеска претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц.

Според Шулц, Европскиот парламент нема да почне консултации сè додека Анкара не ги исполни условите за безвизен режим, поточно додека не се обезбеди заштита на податоци и не се измени антитерористичкиот закон на таа земја.