Свет Европа Штрајк на вработените во Мекдоналдс во Велика Британија

Штрајк на вработените во Мекдоналдс во Велика Британија

Синџирот ресторани за брза храна „Мекдоналдс“ се соочува со првиот штрајк на вработените во Велика Британија. На две локации вработените престанаа со работа поради договорите за работа без утврдена саатница и лошите работни услови.

Вработените во Кембриџ и во Крејфорд, во југоисточниот дел на Лондон, на полноќ почнаа 24-часовен штрајк.

Синдикатот го оценил како храбар потегот на вработените.

Синдикатот на пекарските работници соопшти дека вработените бараат најмалку 10 фунти по час и посигурни работни места.

Од компанијата велат дека станува збор за внатрешно незадоволство, а не за плати.

Ијан Ходсон, претседател на синдикатот на пекарските работници, рече дека синдикатот целосно ги поддржува вработените, кои компанијата досега неколкупати ги изневерила.