Главна секција Што се реализира, а што уште треба да се направи од договореното

Што се реализира, а што уште треба да се направи од договореното

Партиите и институциите, две недели откако преставниците на четирите политички партии постигнаа договор за формирање преодна што која треба да ги организира изборите, се придржуваат до сите рокови што се предвидени во договорот.

Преостанува:

  • 18 август – Краен рок за пријавување на спорните гласачи во ДИК;
  • 19 август – Формирање на ад хок тело за медиуми;
  • 31 август – Краен рок за лидерска средба;
  • 2 септември – Опозицијата именува главен и одговорен уредник на МРТВ (доколку изборите се одржат на 11 декември);
  • 2 септември – Суспендирање на измените во Законот за МВР во однос на надлежностите на министерот (доколку изборите се одржат на 11 декември).

Исполнето:

  • 23 јули – Пратениците во Собранието ги изгласаа измените во Изборниот законик;
  • 25 јули – ДИК го објави списокот со 39.502 спорни гласачи;
  • 28 јули – Пратениците ги изгласаа измените во Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за кривична постапка и за Законот за Влада.