Главна секција Што ќе бара ЕУ да направиме

Што ќе бара ЕУ да направиме

На редовниот декемвриски самит во Брисел, министрите за надворешни работи на Европска Унија денеска треба да ги усвојат заклучоците за стабилизација и за асоцијација.

ЕУ во извештајот, на Македонија и на македонската влада им праќа порака во која вели дека треба:

 

  • Да се намали политизацијата на државните институции;
  • Да се зголемат независноста на судството и слободата на медиумите;
  • Да се развие конструктивен политички дијалог;
  • Власта и опозицијата да ја вратат дебатата во Собранието;
  • Да се создадат услови за нормално функционирање на Собранието;
  • Да се продлабочи довербата помеѓу етничките заедници;
  • Да се направи ревизија (или преглед, на англиски „review“)  на Рамковниот договор и да се имплементираат препораките;
  • Без одложување да се донесе решение за проблемот за името.

Оригиналниот текст на заклучоците преземете го тука