Видео Што е државен удар, кој го изведува и која му е целта?

Што е државен удар, кој го изведува и која му е целта?

Државен удар или пуч (Coup d`etat на француски) е ненадеен и најчесто насилен обид за уривање на власта во една држава.

Пучот најчесто го изведува мала воена или политичка група. Ова е и разликата меѓу државен удар и револуција, во која има масовно народно востание.

Вообичаено, цел на државниот удар е уривање на владата или симнување од власт на диктатор.

Покарактеристични примери за државен удар во изминатите неколку години беа:

  • 2009 година, Хондурас – Армијата на земјата го протера претседателот Мануел Зелеја;
  • 2012 година, Мали – Војската го симна од власт претседателот на земјата, Амаду Тумани Туре;
  • 2013 година, Египет – Армијата го симна од власт претседателот Мохамед Морси;
  • 2014 година, Тајланд – Тајландската војска ја презеде контролата врз владата и го суспендура уставот;
  • 2014 година, Јемен – Бунтовниците Хути го соборуваат претседателот на Јемен, Абдрабух Мансур Хади.