Дописници Штипскиот универзитет влезе во Европската асоцијација на универзитети

Штипскиот универзитет влезе во Европската асоцијација на универзитети

Универзитетот „Гоце Делчев“ стана член на Европската асоцијација на универзитети (ЕАУ). Со членството во оваа меѓународна организација, Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе има пристап до сите информации поврзани со европското високо образование и до соработката со европските универзитети.

Со потпишувањето на членството, УГД ќе добие пристап до базата на ЕАУ и ќе има можност за соработка на научни проекти со универзитетите од организацијата.

Европската асоцијација на универзитети е најголемата организација што ги претставува универзитетите во Европа. Во неа членуваат 850 универзитети од 47 држави. Оваа организација опфаќа 17 милиони студенти од сите членки.

ЕАУ го застапува интересот на европските универзитети и ги обединува во една заедничка цел, а тоа е подобро и поквалитетно високо образование во Европа. ЕАУ, исто така, влијае и на промените на високото образование на глобално ниво, на менување на политиките на образование и на приспособување на модерните трендови.