Дописници Штипскиот универзитет ќе додели 500 стипендии

Штипскиот универзитет ќе додели 500 стипендии

Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип распиша конкурс за доделување 500 стипендии за најдобрите студенти. Преку донации од бизнис-секторот и од стопанството, обезбедени се средства за кои ќе можат да конкурираат студенти од сите факултети и сите студиски програми.

– Ова е фонд за поддршка на добрите студенти. Сакаме да ги стимулираме за нивно квалитетно образование, а ние како универзитет ќе ја поддржуваме оваа акција до крајни граници и секоја година ќе го правиме ова понатаму, сè во зависност од тоа какви средства ќе обезбедиме во овој фонд – рече ректорот Блажо Боев.

Стипендиите ќе изнесуваат 200 евра за вкупно 500 студенти. Вакви стипендии, штипскиот универзитет ќе додели првпат. Во исто време, ова ќе биде и прва ваква соработка со бизнис-заедницата. Досегашната соработка се одвиваше во рамките на задолжителната практична настава за студентите.

Стипендиите се однесуваат на студенти со просек поголем од девет. Студентите потоа само ќе склучуваат договори со компаниите.