Македонија Штипскиот универзитет ги поддржа измените на Законот за високо образование

Штипскиот универзитет ги поддржа измените на Законот за високо образование

Oткако Министерството за образование и наука го прифати предлогот, Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ ги поддржа измените на Законот за високо образование.

Според предлогот од овој универзитет, студентите ќе може да полагаат една половина од предметите во третата студиска година, независно од тоа дали го положиле или не првиот дел од државниот испит на крајот од втората студиска година.

Притоа, Министерството прифати уште шест предлози на универзитетите.