Дописници Штипјани ќе уживаат во 3Д-кинопроекции

Штипјани ќе уживаат во 3Д-кинопроекции

Во наредните два дена во Штип, љубителите на филмот ќе уживаат во кинопроекции во тридимензионална техника.

Утре и задутре (29 и 30 април) ќе гостува мобилното кино на „МФЦ МКД“, со сервери, длабочински 3Д-модули и со 3Д-очила, како и аудиопроцесор „долби ЦП 750“.

Во штипскиот Дом на култура „Ацо Шопов“ во двата дена на проекции, ќе бидат прикажани три филма: „Кингсман – тајната служба“, „Најдобриот егзотичен Мариголд 2“ и анимираниот „Зошто (не) го изедов татко ми“.

Штипјани беа сведоци на доаѓањето на 2Д-техниката во Македонија, кога сè уште имаше кино, меѓутоа, последните години, во недостиг од класична кино-сала, проекциите на филмовите се ретки, во две повеќенаменски сали.

Патувачкото кино на „МФЦ МКД“ освен во Штип, прикажува филмови во Охрид, Прилеп, Дебар, Струга и во Кичево.