Дописници Штип од поплавите претрпе шета од 700.000 евра

Штип од поплавите претрпе шета од 700.000 евра

Само 12 семејства од Источна Македонија се на листата за владина помош по големите поплави од почетокот на годината. Овие семејства ќе добијат меѓу 14.000 и 120.000 денари, во зависнот од процените на претрпените штети. Од друга страна, околу 700.000 евра изнесуваат пријавените штети на штипјани. Општинската комисија за процена на штетите го комплетира извештајот, според кој, најголеми штети поплавите предизвикале врз инфраструктурни објекти, сопственост на Општината Штип и на Јавното претрпијатие „Исар“, кои заедно пријавиле штета во износ од 600.000 евра. Оштетени се патишта, мостови, колектори, дел од системот за водоснабдување.

Граѓаните, главно, пријавувале штети на земјоделски површини, домовите и на земјоделски објекти и смртност кај ситниот добиток. Меѓу 150 пријави на штети од полавите, има и неколку од фирми, главно фарми во лакавичкиот регион.

В.К.