Дописници Штип и Кочани со хуманитарна акција за Скопје и Тетово

Штип и Кочани со хуманитарна акција за Скопје и Тетово

Општинските организации на Црвениот крст во Штип и Кочани во соработка со општините ги повикаа граѓаните да донираат за настраданите во поплавените подрачја во скопско. Во Штип во просториите на Црвениот крст од 09 до 15 часот работи пункт каде граѓаните може да донираат конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена и средства за дезинфекција. Овие артикли се најпотребните за загрозените граѓани, според списокот направен на терен.

Во Кочани пунктот за донации е поставен на плоштадот до супермаркетот „Тинекс“, a акцијата е во организација на Црвениот крст и невладината организација „Благородна мисија“.

Пунктот во Кочани ќе биде отворен во периодот од 12 до 16 часот.