Македонија Штајнмаер: Иванов им нанесува штета на владеењето на правото и на правниот...

Штајнмаер: Иванов им нанесува штета на владеењето на правото и на правниот поредок

Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, ја критикуваше контроверзната амнестија на политичарите во Македонија, пишува германскиот весник „Фокус“.

– Многу сум загрижен поради последниот развој на настаните – рече Штајнмаер.

Тој изјави дека одлуката на претседателот Ѓорге Иванов им нанесува штета на стандардите на владеење на правото и на правниот поредок. Штајнмаер оцени дека македонскиот претседател ја поткопува работата на Специјалното обвинителство и неговата мисија „да ги истражи обвиненијата за злоупотреба на власта“.

Иванов во вторникот, во обраќање до јавноста, соопшти дека сам ја донел одлуката за сопирање на сите судски процеси против политичари и оти со тоа треба да се стави крај на политичката криза, која не се решила со Договорот од Пржино.