Свет Свет Шпанското обвинителство бара притвор за осум каталонски министри

Шпанското обвинителство бара притвор за осум каталонски министри

Шпанското обвинителство побарало притвор за осум членови на соборената сепаратистичка каталонска влада, додека трае истрагата, соопштија од Врховниот суд на Шпанија, во кој министрите беа сослушани.

Како што се наведува, побарано е министерот Санта Виљ, кој поднесе оставка пред едностраното прогласување на независноста минатиот петок, да биде ослободен со кауција од 50.000 евра.

Соборениот каталонски лидер, Карлес Пучдемон, и четворица министри одбија да се појават пред судот во Мадрид и останаа во Белгија.

Девет членови на каталонската влада сведочеа денеска пред судот по повод обвиненијата за побуна и за злоупотреба на јавни фондови.