Свет Европа Шпанскиот суд ја суспендира седницата на каталонскиот парламент за прогласување независност

Шпанскиот суд ја суспендира седницата на каталонскиот парламент за прогласување независност

Уставниот суд на Шпанија го суспендираше одржувањето на седницата на каталонскиот парламент, закажана за понеделник, на која требаше еднострано да биде прогласена независноста на Каталонија, јавуваат шпанските медиуми.

Според судот, таквиот потег би бил кршење на шпанскиот устав.

Администрацијата на лидерот на Каталонија, Карлес Пуџдемон, претходно соопшти дека планира да прогласи независност на покраината на 9 октомври.

Шпанскиот премиер, Маријано Рахој, денеска го повика Пуџдемон да се откаже од прогласувањето независност на Каталонија, напоменувајќи дека „што поскоро треба да соопшти дека нема да има еднострано прогласување независност, со што би се избегнало поголемо зло“.

На референдумот, кој се одржа во неделата, 90 отсто од гласачите ја поддржаа независноста на Каталонија. На референдумот гласаа 42,3 отсто каталонски граѓани со право на глас.