Свет Свет Шпанија: Запленети 600 килограми кокаин на јахта

Шпанија: Запленети 600 килограми кокаин на јахта

Шестотини килограми кокаин се запленети на чешка јахта во водите на Атлантски Океан, соопшти шпанската полиција.

Дрогата е запленета на 830 километри југозападно од Канарски Острови. Четворицата членови на екипажот се уапсени откако полицијата, при претрес на бродот, пронашла херметички затворен контејнер во еден од бродските резервоари за вода.

Според информациите на шпански медиуми, јахтата пловела од Јужна Америка, а дестинација ѝ била Западна Европа.
.