Свет Европа Шпанија во потрага по воениот хеликоптер што се урна во Атлантикот

Шпанија во потрага по воениот хеликоптер што се урна во Атлантикот

Шпанското министерство за одбрана се обидува да ги пронајде тројцата членови од екипажот на воениот хеликоптер што се урна во Атлантскиот Океан, во близина на Канарските Острови.

– Луѓето исчезнаа, а ние не знаеме под кои околности. Не можеме да стигнеме до кабината – изјави шпанскиот министер за одбрана, Педро Моренес, по средбата со членовите на семејствата на исчезнатите војници.

Владите на Шпанија и на Мароко ги употребуваат сите расположливи средства што се потребни за пребарување.

Хеликоптерот се урна во четвртокот, 520 километри од воената база Гандо.