Свет Европа Шпанија: Пронајдени тела на четири мигранти, а 35 се исчезнати

Шпанија: Пронајдени тела на четири мигранти, а 35 се исчезнати

Шпанските спасувачки тимови денеска пронашле четири мигранти, а 35 лица се водат како исчезнати од чамец кој се нашол во проблеми додека пловел од Мароко кон Шпанија.

Морнарската спасувачка служба соопшти дека 15 мигранти вчера се пронајдени живи во чамец во Средоземно Море, јужно од Малага.

Во соопштение објавено на „Твитер“, се наведува дека потрагата по исчезнатите мигранти денеска е продолжена.

Африканските мигранти, кои трагаат по подобар живот во Европа, често доаѓаат во Шпанија од Мароко преку Средоземно Море.