Ctrl - Z „Шорткат“ на државното првенство во прескокнување пречки со коњи

„Шорткат“ на државното првенство во прескокнување пречки со коњи

Љупка Аврамовиќ од клубот „Бравадос“ е долгогодишна вљубеничка во коњите и е една од нашите најдобри претставнички на натпревари со коњи во светот. Во новата епизода на „Шорткат“, нашите вести за млади, зборуваме со Аврамовиќ и ве водиме на државното првенство во прескокнување пречки со коњи организирано од страна на Федерацијата на коњички спортови.

Во новата, 48. епизода на „Шорткат“, информираме и за успехот на Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов Синдром „Дневен центар Доза среќа“, кои освоија 24 златни медали на неколку меѓународни натпревари. Ќе погледнеме и како помина Светскиот куп во параглајдинг, чиј домаќин беше градот Крушево.

Информираме за тоа до каде е чистењето на токсичниот арсен од јаловиштето на некогашниот рудник „Лојане“, а ќе дознаеме и каква игра е „Stray“ и зошто за неа се вели дека го „расипала“ интернетот.

Новата епизода на вестите за млади ќе биде објавена вечерва во 19 часот.