Свет Свет Ширази: Багдади дефинитивно е мртов

Ширази: Багдади дефинитивно е мртов

Свештеникот Али Ширази, претставник на врховниот духовен водач во Иран, ајатолахот Али Хамнеј, соопшти дека лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, дефинитивно загинал, пренесе државната новинска агенција.

– Терористот Багдади дефинитивно е мртов – соопшти свештеникот.

На почетокот од месецов, руското министерство за одбрана соопшти дека Багдади најверојатно е убиен во напад на руските воздухопловни сили на команден штаб во предградие на југот на Рака, извршен кон крајот на мај.

По соопштението на руското министерство, медиумите повеќепати ја пренесоа информацијата дека лидерот на ИД е мртов, но информацијата не е официјално потврдена.