Главна секција Шилегов: Во Теарце освоивме 170 гласови повеќе од изборите на 11 декември

Шилегов: Во Теарце освоивме 170 гласови повеќе од изборите на 11 декември

СДСМ во Теарце освои 170 гласови повеќе отколку на изборите на 11 декември, но гласањето овде беше повеќе симболично, рече портпаролот на СДСМ и носител на кандидатската листа на коалицијата во шестата изборна единица, Петре Шилегов, вечерва во Теарце.

– Со гордост можам да кажам дека граѓаните на Теарце гласаа за промени, за живот во Македонија без оглед на притисоците. Тие излегоа храбро и достоинствено и кажаа дека е доста и дека бараат одговорна влада, која ќе одговори на потребите на граѓаните. Ќе ја послушаме пораката на теарчани, а тоа значи дека ќе има одговорна влада која ќе воведе промени и ќе има институции. кои ќе одговараат на потребите на граѓаните. Гласањето овде  е повеќе симболично. Идната влада ќе ја предводи СДСМ – рече Шилегов.

Како одговор на новинарско прашање што мисли за тоа дека ВМРО-ДПМНЕ веќе прогласиле победа, Шилегов рече дека „Груевски многупати досега рекол па порекол“ и дека гласот на Груевски е минато.

Тој додаде дека во Македонија нема политичка криза, туку криминална криза на структурите на власт.