Македонија Шилегов: Владата на Груевски во четири очи им го дала бизнисот на...

Шилегов: Владата на Груевски во четири очи им го дала бизнисот на кираџиите на Јанакиески?!

Официјални документи објавени на страницата на Европската Унија откриваат дека Владата на Груевки ѝ го дала бизнисот на германската фирма „Лудвиг Фајфер“, која е кираџија во куќата на минитерот Миле Јанакиески, во дректна спогодба, популарно наречена во четири очи, обвинува Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

– Како штто стои во документите, на тендерот се јавиле дури четири заинтересирани фирми, но вицепремиерот Ставрески го потпишал договорот со фирма чие седиште е на имотот на министерот Јанакиески во Прилеп. Сето ова се случува откако тендерот еднаш е поништен. ИПА-извештајот за 2012 година открива скандалозни информации. Во документот е наведено: проектот за пречистителната станица во Прилеп се соочи со дополнителни задоцнувања на тендерската фаза и делегацијата на ЕУ конечно мораше да ја откаже евалуацијата поради постоење серозна загриженост за прекршување на доверливоста на процесот -истакна Шилегов.

Портпаролот на опозицијата вели дека Груевски, Ставрески и Јанакиески треба веднаш на јавноста да ѝ ги објаснат овие работи.

– Партизираните институции трет ден молчат – обвини Шилегов.