Македонија Шилегов: Со одлуката на Уставниот суд Груевски ја призна вината на своите...

Шилегов: Со одлуката на Уставниот суд Груевски ја призна вината на своите соработници

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов денеска на прес-конференција рече дека со одлуката на петте партиски послушници на ВМРО-ДПМНЕ во Уставниот суд, Никола Груевски ја призна вината на своите најблиски соработници за изборните измами.

– Изборните грабежи и партизираните институции беа главните причини за политичката криза. Дали ваквата одлука на Уставен суд се носи со намера да се заштити Никола Груевски? Највисоки претставници на партијата на власт се веќе осомничени за злостроничко здружување за изборна измама. Потврдено и од Специјалното јавно обвинителство со покренатите постапки. Очигледно дека некој во врвот на ВМРО-ДПМНЕ многу добро знае за што се покренати постапките – вели Шилегов.

Тој вели дека јавно предупредуваат дека СДСМ и граѓаните нема да дозволат на ваков начин ниту да се штити изборен криминал, ниту да се превенира нечија намера за повторен изборен грабеж.

– Во Македонија ќе има слободни, фер и демокартски избори, со прочистен избирачки список и реформи за слободни медиуми. Секој што го прекрши законот ќе одговар – рече Шилегов.