Македонија Шилегов објави видео од лицето кое го демолираше „Зелениот покрив“ на ГТЦ

Шилегов објави видео од лицето кое го демолираше „Зелениот покрив“ на ГТЦ

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов објави видео од демолирање на „Зелениот покрив“ на Градскиот трговски центар.

„Демолиран зелениот кров на ГТЦ! Но, ние нема да застанеме заради вакви „луѓе”. Скопје ќе го биде, сакал некој или не!“, напиша Шилегов на неговиот фејсбук-профил.

Проектот за „Зелениот покрив“ ќе зафати површина од 1.600 квадратни метри, што е дел од површината на целиот покрив на ГТЦ.

Тој е еден од проектите за враќање на загубеното зеленило во Скопје, како и проект кој ќе придонесе и за намалување на температурата во централното градско подрачје преку намалување на ефектот на урбаните топлински острови, подобрување на квалитетот на воздухот и управувањето со врнежите.