Македонија Шилегов ја најави 33. „бомба“

Шилегов ја најави 33. „бомба“

Петре Шилегов, портпаролот на опозицискиот СДСМ, денеска на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ најави објавување на нова „бомба“ од проектот „Вистината за Македонија“.

Шилегов на фејбук-профилот напиша: „Послушајте патриоти… #33“.

Се претпоставува дека на оваа прес-конференција, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе ги објави најавуваните материјали од прислушуваните разговори во кои се слуша како премиерот Никола Груевски преговара за името.