Свет Балкан Шест загинати во експлозија на бомба во Турција

Шест загинати во експлозија на бомба во Турција

Шест турски војници загинаа, а двајца се ранети откако бомба поставена крај пат на југоистокот на Турција експлодирала во моментот додека минувал воен конвој, соопшти турска војска.

Војската за нападот ги обвини припадниците на Работничката партија на Курдистан.

Во соопштението се нагласува дека оклопното возило превезувало војници и оти бомбата, која била поставена крај пат, била активирана во провинцијата Ван.

Неименуван воен претставник потврди нападот се случил додека војниците се движеле кон локација на која имало запалени возилаj. Тој додаде дека по бомбашкиот, врз конвојот е извршен и ракетен напад.