Свет Европа Шест тинејџери пронајдени мртви по забава во Баварија

Шест тинејџери пронајдени мртви по забава во Баварија

Татко, вознемирен што синот и ќерката не се вратиле дома од забава, ги пронашол своите деца мртви, заедно со уште четворица тинејџери, во шупа во една градина близу гратчето Арнштајн во германската сојузна држава Баварија, јавија светските медиуми.

Петте момчиња и девојката, сите на возраст од 18 и 19 години, заминале на забава во шупата во саботата вечерта, а кога во неделата не се вратиле дома, таткото заминал во својата шупа, каде што се одржувала забавата, и ги нашол мртви. Забавата била за 18. роденден на девојката.

Полицијата засега вели дека причината за смртта е непозната, но и дека не се откриени траги на насилство. Истрагата оди во правец на можно труење со јаглероден моноксид од печката на дрва со која се загревала шупата. Се очекуваат резултати од обдукцијата.