Свет Балкан Шест полицајци повредени при експлозија на бомба во Турција

Шест полицајци повредени при експлозија на бомба во Турција

Шест полицајци се повредени при експлозија на бомба во Источна Турција, јавуваат турските медиуми.

Импровизираната експлозивна направа била активирана и експлодирала во моментот кога оклопно полициско возило минувало покрај неа, во близина на градот Гаваш.

Се верува дека нападот е изведен од Курдската работничка партија.