Свет Балкан Шест милиони евра за реклами за партиите во Грција

Шест милиони евра за реклами за партиите во Грција

Рекламната кампања за грчките избори ќе ја чини државата шест милиони евра. Министерството за внатрешни работи објави како ќе бидат поделени финансиите на секоја од партиите. Државата ќе плати шест милиони евра плус 250.000 евра за реклама на телевизиите и на сателитските канали кои се на претплата.

Најголемиот дел од финансискиот колач за реклами ќе оди кај двете најголеми партии, Нова демократија и СИРИЗА, кои ќе добијат повеќе од еден милион евра за рекламирање. Нова демократија ќе добие 1.440.527 евра, СИРИЗА 1.435.631 евра, ПАСОК 565.828 евра, на неонацистичката Златна зора ѝ следуваат 425.000 евра, на Независни Грци – 313.582 евра, на Комунистичката партија – 276.459 евра, на Демократска левица – 199.446 евра, а на Река – 142.512 евра за телевизиски реклами.