Хроника Шест лица се повредени во пожари во куќи во Тетово и во...

Шест лица се повредени во пожари во куќи во Тетово и во Скопје

Вчера, околу 17.45 часот, во Тетово на улицата Полог, од засега непознати причини избувнал пожар на третиот кат од куќата во сопственост на Џ.Ц.(62). Поради вдишување чад, три лица се пренесени во Клиничкиот центар во Тетово. Пожарот бил локализиран, а увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Вчера, околу 20 часот, во Скопје на улицата Брсјачка буна, настанал пожар во куќа, сопственост на А.Р., и во куќа, сопственост на Р.С.

Во пожарот биле повредени лицата Ш.Е., Р.С. и Р.А., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, за укажување лекарска помош.