Свет Балкан Шешељ ќе се обрати на митингот во Белград

Шешељ ќе се обрати на митингот во Белград

Воислав Шешељ

Потпретседателот на Српската радикална странка, Зоран Красиќ, соопшти дека Воилсав Шешењ ќе се обрати на митингот закажан за сабота на белградскиот Плоштад на Републиката.

Како што наведе потпретседателот на СРС, сè уште не се знае за што ќе зборува Шешељ. Митингот е закажан за 15 ноември, во 21 часот.

Красиќ соопшти дека СРС в среда ќе организира пречек на Шешељ на аеродромот.

– Секако дека ќе подготвиме пречек на аеродромот, само да дознаеме во кое време точно доаѓа – рече Красиќ.

Потпретседателот на Владата на Србија и министер за надворешна и домашна трговија, Расим Љајиќ, вчера потврди дека Шешељ ќе пристигне в среда бидејќи лекарите побарале одложување на летот. Љајиќ додаде дека Шешељ, веројатно, ќе дојде со авионот кој од Амстердам полетува во 10 часот и 40 минути.