Економија „Шел“ отпушта 10.000 вработени

„Шел“ отпушта 10.000 вработени

Нафтената компанија „Ројал дач шел“ потврди дека ќе затвори 10.000 работни места поради голем пад на профитот.

Во четвртото тримесечје од минатата година, компанијата оствари заработувачка од 1,8 милијарди долари, додека во истиот период претходната година заработи 4,2 милијарди долари, пренесува „Би-Би-Си“.

Вкупните приходи во 2015 година биле 10,7 милијарди долари, двојно помалку во однос на 2014 година, кога компанијата имала профит од 22,6 милијарди долари.