Македонија Шекеринска во Берлин ќе бара поддршка од сестринските партии

Шекеринска во Берлин ќе бара поддршка од сестринските партии

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска и утре присуствува на годишната конвенција на Прогресивната алијанса и на состанокот на претседателството на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), соопшти СДСМ.

Утре, на состанокот на президиумот на ПЕС, Шекеринска ќе се сретне со претставници на сите сестрински партии од Европа и ќе ги информира за последните случувања во земјава и одново ќе побара поддршка за принципиелните позиции на СДСМ во насока на надминување на политичката криза. Конвенцијата на Прогресивната алијанса под наслов „Обликување на иднината – За слободен, праведен и солидарен свет“ на едно место ќе собере претставници од повеќе од 100 социјалдемократски, социјалистички и лабуристички партии од целиот свет, меѓу кои и премиерот на Шведска, Стефан Лофвен, претседателот на СПД Германија и кандидат за канцелар, Мартин Шулц, претседателот на француската Социјалистичка партија, Жан Кристоф Камбеделе, претседателот на австриските социјалдемократи, Кристијан Керн.