Македонија Шекеринска на дводневен состанок на НАТО во Брисел

Шекеринска на дводневен состанок на НАТО во Брисел

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска од денеска во Брисел, во седиштето на НАТО учествува на дводневниот состанокот на Северноатлантскиот совет, на ниво министри за одбрана.

Ова е второ учество на министерката Шекеринска на министерски состанок во овој формат, со што Северна Македонија стана и активен учесник во функционирањето на Алијансата. Во Брисел, министерката за одбрана ќе има билатерални средби со министрите за одбрана на Шпанија, Холандија, Италија, Норвешка и Полска.

По дводневниот министерски состанок, министерката Шекеринска ќе учествува на Бриселскиот форум организиран од Германскиот маршалов фонд, каде ќе се обрати на панелот посветен на иновациите и новиот пристап кон безбедноста.