Македонија Шефот на дипломатијата Димитров на средба со Суомалаинен

Шефот на дипломатијата Димитров на средба со Суомалаинен

На средба што ја имале денеска, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, и шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен, разговарале за меѓусебната соработка и за приоритетите што новата влада ги зацртала, соопшти Министерството за надворешни работи.

Министерот Димитров се заблагодарил за континуираната поддршка што ОБСЕ ја дава на Македонија, а особено за директната поддршка за реализацијата на европските и евроатланските аспирации на земјата. Тој нагласил дека и за Македонија и за целиот регион од исклучително значење е процесот на интегрирање во ЕУ.

Суомалаинен нагласила дека постои добра и континуирана соработка помеѓу ОБСЕ и Македонија и дека заеднички е многу вложено во реформските процеси, кои опфаќаат широк спектар на области и порачала дека постои подготвеност за понатамошна поддршка од ОБСЕ за Македонија, се дознава од соопштението на МНР.