Свет Европа Шефот на британската дипломатија наскоро во посета на Москва

Шефот на британската дипломатија наскоро во посета на Москва

Шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон, наскоро ќе ја посети Москва, каде ќе разговара за разликите меѓу двете земји во врска со Сирија и со Украина, соопшти денеска британската канцеларија за надворешни работи, јавуваат светските агенции. Посетата на Џонсон на Москва треба да се случи наредните недели.

Џонсон, како што пренесуваат агенциите, ја прифатил поканата на својот колега, министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Британската влада претходно соопшти дека „ќе соработува со Русија онаму каде што тоа е од национален интерес за Велика Британија“.

„Тема на разговорите ќе бидат британско-руските односи и актуелните меѓународни прашања, како што се Сирија и Украина, за кои имаме сериозни разлики во ставовите“, соопштиле од британската канцеларија за надворешни работи.

Покрај несогласувањата околу Украина и Сирија, Британија ја обвини Русија и за хакерски напади. Москва ваквите обвинувања ги отфрли како неосновани.

Последен британски министер за надворешни работи кој ја посети Русија беше Вилијам Хаг, во 2012 година.