Свет Балкан Шаровиќ: Шешељ ќе го дестабилизира режимот во Србија

Шаровиќ: Шешељ ќе го дестабилизира режимот во Србија

Воислав Шешељ

Заменик претседателот на Српската радикална странка (СРС), Немања Шаровиќ, смета дека доаѓањето на Воислав Шешељ нема да предизвика хаос, туку ќе го дестабилизира „издајничкиот режим“.

– Приказните дека Шешељ ќе предизвика дестабилизација или хаос, не се точни. Единствено што ќе дестабилизира е издајничкиот режим во Србија. Ние и понатаму го проверуваме секој лет од Хаг, но сè ќе дознаеме половина час пред авионот да слета – изјави Шаровиќ.

Шаровиќ соопшти дека утринава телефонски разговарал со Шешељ и оти тој „звучи нормално, мирно и сталожено“. Шешељ му порачал на заменик лидерот на СРС да не дозволи неговото доаѓање да премине во „еуфорија“.

На прашањето што ќе биде приоритет на Шешељ во следниот период, враќањето на политичката сцена или лечењето, Шаровиќ одговори дека тој никогаш не го напуштил политичкиот живот и дека отсекогаш ја следел политичката сцена во Србија.