Македонија „Шарена револуција“ ги забетонира изборите

„Шарена револуција“ ги забетонира изборите

Учесници во „Шарената револуција“ денеска пред Собранието со герила-акција ги „бетонираа“ предвремените парламентарни избори, кои беа закажани за денеска, но по бојкотот на поголем дел до партиите, тие се одложија.

Со бетон, гласачка кутија и со свечена лента, активистите пред Собранието симболично отворија бетонирано гласачкo место. Единствениот граѓанин што „гласаше“, го пречкрта Груевски.

Акцијата е пародија на најавите нa члениците на владејачката партија, кои во повеќе јавни настапи тврдеа дека нема отстапување од датумот за избори.