Спорт Шарапова и Серена Вилијамс во финалето на „Австралија опен“

Шарапова и Серена Вилијамс во финалето на „Австралија опен“

Руската тенисерка Марија Шарапова ќе се сретне со Серена Вилијамс на финалето на Австралиското отворено првенство.
Шарапова се пласираше во финалето откако ја победи Екатерина Макарова, со 6:3 и со 6:2 по сетови.

Серена Вилијамс во полуфиналниот дуел со Медисон Кејс славеше со 7:6 и со 6:2.

Во финалето, кое ќе се игра в сабота, Шарапова ќе се обиде да ја освои втората титула на Отвореното тениско првенство на Австралија, а Вилијамс да дојде до шесттата титула на овој турнир.