Галерија Северна Македонија целосно воено интегрирана во НАТО

Северна Македонија целосно воено интегрирана во НАТО

Зоран Заев, Радмила Шекеринска и генерал Симеон Трајковски со командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација, генерал Филип Лавињ. Фото: Влада на РСМ, 16 ноември 2021

Со потпишување на заедничката декларација за интеграција на Република Северна Македонија во структурите на НАТО, од денеска земјава е целосно воено интегрирана во Северноатлантската алијанса.

Пред церемонијата на потпишување, премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и генералот Симеон Трајковски, се сретнаа со командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација, генерал Филип Лавињ, кој со својот потпис го официјализираше интегрирањето.