Свет Свет Северна Кореја воведе тридневен карантин за сите странци

Северна Кореја воведе тридневен карантин за сите странци

Аеродромот во Пјонгјанг

Северна Кореја воведе задолжителен тридневен карантин за сите странци што ќе ја посетат земјата поради страв од ебола, јавува магазинот „Тајм“.

Западните медиуми со потсмев информираат за ваквиот чекор, имајќи предвид дека засега нема пријавени случаи на ебола во Азија, а Северна Кореја е оддалечена 11.000 илометри од најблискиот потврден случај на ебола во Салас, Тексас. Истовремено, Северна Кореја нема ниту една надворешна авионска линија со ниту една од земјите во кои е регистрирана ебола.

Пјонгјанг минатата недела прекина да издава визи на туристи. Без разлика на „визната блокада“, земјата и понатаму е особено загрижена, а доказ за тоа е задолжителниот тридневен карантин.

Неделава, за време на билатералниот состанок на Јапонија и на Северна Кореја, севернокорејските претставници носеа заштитни одела.