Свет Северна Кореја истрела седум ракети земја-воздух

Северна Кореја истрела седум ракети земја-воздух

Седум ракети земја-воздух, Северна Кореја истрела во море. Операцијата ја набљудувал севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Ракетите се истрелани синоќа од локација во близина на градот Сондок, во источниот дел на Северна Кореја.

На Корејскиот Полуостров зголемени се тензиите поради заедничките воени вежби на САД и на Јужа Кореја, кои Пјонгјанг ги осудува и ги смета за проба за инвазија.