Свет Северна Кореја би можела да направи боева глава со сарин, тврди Шинзо...

Северна Кореја би можела да направи боева глава со сарин, тврди Шинзо Абе

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека можно е Северна Кореја да произведе ракета со нервен гас сарин.

– Можно е Северна Кореја да има капацитет да произведе боеви глави со сарин – рече Шинзо Абе на седница на парламентот.

Изјавата на Абе доаѓа во време кога сè повеќе се зголемува загриженоста дека Северна Кореја би можела наскоро да изврши шеста нуклеарна проба или втора ракетна проба.

Северна Кореја в сабота одбележува 105 години од раѓањето на својот основач, Ким Ил-сунг, што претставува најголем национален празник, познат како Ден на Сонцето.

Северна Кореја последната ракетна проба ја изврши на 5 април годинава, додека петтиот нуклеарен тест на 9 септември минатата година.