Економија Сертификати за напредни ИТ-вештини, добија 88 невработени лица

Сертификати за напредни ИТ-вештини, добија 88 невработени лица

Сертификати за завршени обуки за напредни ИТ-вештини, добија 88 невработени лица. Со овие обуки, тие стекнаа интернационално признати сертификати.

Mинистерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, истакна дека за оваа намена биле обезбедни околу осум милиони денари.

– Изминатите години овие обуки ги поминаа повеќе од 470 лица, од кои вработени се 246 лица. Со најавените странски инвестиции, потребата за ваков кадар и за вакви вештини е навистина голема. Токму поради тој факт го зголемивме обемот и опфатот на невработени лица што ќе ги завршат ваквите обуки за побрзо и полесно да стигнат до работа – истакна Спасов.

Агенцијата за вработување на почетокот на јуни ќе распише нов јавен повик за обуки за невработени лица за ИТ-вештини, со кој ќе бидат опфатени околу 220 невработени лица, а за кои веќе се обезбедени околу 22 милиони денари.

Обуките ги организираа Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, а ги спроведе „Семос едукација“.