Свет Сенатот го одбри договорот за нуклеарната програма на Иран

Сенатот го одбри договорот за нуклеарната програма на Иран

Американскиот претседател Барак Обама го оцени како историски чекор исходот од гласањето на Сенатот за договорот за иранската нуклеарна програма.

Во Сенатот, кој има 100 члена, против одлуката за одбивање на спогодбата за иранската нуклеарна програма гласаа 40 демократи и двајца независни сенатори, што е за еден глас повеќе од најмалиот број гласови потребни за спречување на усвојувањето на предлогот.

– Ова гласање е победа за дипломатијата, за американската национална безбедност и за сигурноста на светот – оцени Обама во изјавата по гласањето, кое го нарече „историски чекор напред“.

Републиканците, сепак, порачуваат дека борбата не е готова.

Мич Мекконели, челник на републиканското мнозинство во Сенатот, веднаш презеде чекори прашањето повторно да биде разгледано во Сенатот, со надеж дека следниот пат некои од сенаторите на демократите поинаку ќе гласаат.