Економија Семинар за извоз на македонска храна и вино во Шведска

Семинар за извоз на македонска храна и вино во Шведска

Во организација на шведска владина агенција „Опен трејд гејт Свидн“

Семинар на кој 24 македонски компании се запознаваат со можностите за извоз на свежа храна,овошје и на зеленчук на шведскиот пазар се одржуав денеска во Скопје, во организација на шведска владина агенција „Опен трејд гејт Свидн“.

Еден од најголемите снабдувачи со вино во Шведска, кој е одговорен за цела Скандинавија, е заинтересиран за македонските вина, особено за „вранец“.

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Климент Шеќеровски, денеска изјави дека пред два дена македонските вина веќе влегле на листата на овој снабдувач.

– Веќе сме влезени на листата на продажба, посебно за виното „вранец“ и очекуваме нарачки што ќе бидат наменети не само за купувачите од Шведска, туку и од цела Скандинавија. Ова го сметаме за позитивен сигнал и веруваме дека и другите производители ќе го постигнат овој ефект – истакна Шеќеровски пред денешниот семинар, на кој ќе бидат презентирани регулативите за извоз кон Шведска и потребите на скандинавскиот пазар.