Македонија Семејства од Штип ќе бидат домаќини на членови на Мировен корпус

Семејства од Штип ќе бидат домаќини на членови на Мировен корпус

Од 20 септември до 4 декември во општина Штип ќе престојува нова група волонтери на Мировен корпус, по што ќе заминат во градови и села низ Македонија каде што ќе живеат и работат во наредните две години.

Волонтерите се Американци кои во Македонија доаѓаат да стекнат работно искуство, да ги споделат своите вештини, да научат повеќе за Македонија и да ја споделат својата култура.

Додека трае обуката од 11 недели, волонтерите ќе бидат сместени во семејства во Штип кои ќе имаат обврски кон волонтерите, но за тоа ќе добиваат паричен надомест од 3.700 денари за една недела.