Македонија Села: Ќе гласам за законот за јазици според договорот кога се формираше...

Села: Ќе гласам за законот за јазици според договорот кога се формираше Владата

Лидерот на коалицијата Алијанса за Албанците, Зијадин Села, пристигна во Собранието каде што во секој момент треба да почне седницата за законот за јазиците.

– Не сум дел од Владата, дојдов да гласам за закон според договорот што го имавме кога се формираше Владата – кусо изјави Села.

Законот за употреба на јазиците е во трето читање во Собранието, а од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 35.569 амандмани со образложение дека законот е неуставен и треба да се повлече.