Македонија Села до Хајндл: Во разговорите да се вклучи и албанската опозиција

Села до Хајндл: Во разговорите да се вклучи и албанската опозиција

Зијадин Села, лидер на Движењето за реформи – ДПА, во писмо до германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Хајндл, вели дека досега преговорите се одвивале нетранспарентно и смета дека овојпат јавноста задолжително треба да се информира за одвивањето на процесот, а во разговори треба да биде вклучена и албанската опозиција.

„Во врска со Изборниот закон, сметаме дека на Македонија задолжително ѝ треба промена во изборниот модел, за зголемување на нивото на демократија и квалитетно застапување. Во функција на ова, ние како ДР-ДПА бараме сериозно да се разгледаат следните точки: редуцирање на изборните единици од шест во една единствена изборна единица за секој глас да биде вреднуван, отворени избирачки списоци, реформирање на ДИК со професионалци и со непартиски претставници, разгледување на 330.000 сомнителни гласачи и нивно бришење, нов закон за медиуми и разрешување на сегашните избирачки совети во гласачките места и именување на нови совети, како и ставање пред одговорност на тие што биле учесници во фалсификувањето на легитимитетот на претходните изборни циклуси“, соопшти Движењето за реформи – ДПА.