Македонија Секретаријатот на Антикорупциска чека вработувања и просторија за донирана ИТ опрема

Секретаријатот на Антикорупциска чека вработувања и просторија за донирана ИТ опрема

Стручната служба на Државната комисија за спречување на корупцијата функционира со помалку од половина од потребниот кадар, а нема ниту просторија, ниту кадар за да ја стави во функција донацијата од ИТ опрема и софтвер вредни 600.000 евра, велат вработените во Секретаријатот на Антикорупциската.

– Прво, итно треба да се вработи кадар. Десетина години нема унапредување. Нема унапредувања и вработувања, затоа што немало согласност. Во Секретаријатот се вработени 22 лица, а сегашната организација и систематизација а за повеќе од 50 вработени – вели Софка Пејовска Дојчиновска, поранешен генерален секретер на Секретаријатот на Државната комисија за спречување корупција.

Поради тоа, Секретаријатот не може да ја употреби ниту информатичката опрема и софтверот што го добил како донација.

– Имаме донација од ИТ опрема и софтвер вредни 600.000 евра, но ни треба соодветен простор и кадар. Две години не можеме да вработиме ИТ експерт, немаме ниту можност да адаптираме простор – вели Пејовска Дојчиновска.