Македонија Секој трет викенд младите бесплатно ќе патуваат со воз

Секој трет викенд младите бесплатно ќе патуваат со воз

Агенцијата за млади и спорт, во соработка со „Македонски железници – Транспорт“, денеска го промовираа проектот со кој младите до 27-годишна возраст секој трет викенд во месецот ќе можат бесплатно да патуваат со воз.

Почетокот на проектот беше означен со бесплатно возење на група млади до Велес.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Маријан Спасески, ги повика младите да ја искористат оваа можност за да ја прошетаат Македонија.